Реклама
Новости

Прво докторите и кажале дека е неплодна, но потоа се случи чудо и роди прекрасно албино бебе

Реклама

Шанон Конарти од Велика Британија на само 15 години се соочила со дијагноза на хормонален дисбаланс. Потоа, лекарите и го откриле и синдромот на полицистични јајници, што доведе до откритие дека има само 10 проценти шанси да остане во блажена состојба по природен пат.

Шанон беше упорна и цели три години не се откажуваше, а минатата година се случи чудо – дозна дека е бремена. 22-годишната девојка пред четири месеци ја роди Ава, здрава девојка со албинизам.

Маркетинг

Албинизмот е наследно нарушување на производството на меланин кое предизвикува дифузна хипопигментација на кожата, косата и очите – Недостатокот на меланин (а со тоа и помала количина на пигмент) може да биде целосен или делумен, но влијае на сите делови на кожата. Ако ги зафати очите води до страбизам, нистагмус и слабеење на видот. Освен заштита од сончева светлина, не постои третман за промена на кожата, пишува во Медицинскиот прирачник за дијагностицирање и терапија.

Маркетинг

„Отсекогаш сонував да станам мајка. Мојата Ава е како едно мало чудо, а уште повеќе затоа што има албинизам “, вели Шенон, откривајќи колку и било тешко да се справи со хормоналниот дисбаланс.

„Мојата тежина секогаш флуктуираше, а цистите во јајниците предизвикуваа голема болка. Во тоа време одев во средно училиште и не размислував премногу за шансите од десет проценти што ми ги прогнозираа дека би можела да останам во блажена состојба по природниот пат “, вели таа.

Но, кога наполнила 18 години, се запознала со 30-годишниот Том и почнала да сонува за свое семејство.

„Се вљубивме и кога му кажав на мојот сопруг Том дека најверојатно нема да можам да имам деца, тој покажа разбирање за мојот проблем. Кога имав 18 години почнавме да се обидуваме, но никогаш не останав во блажена состојба. Секој месец кога ќе добиев, бев скршена. Бев депресивна и од самата помисла дека никогаш нема да имам деца. Дури се согласивме и да пробаме со оплодување со помош на медицина ако не успееме до мојот 25-ти роденден “, додава таа.

Сепак, во јануари 2018 година, Шенон открила дека е бремена.

„Бременоста не беше тешка, но мораа дополнително да ме следат. Кога се роди Ава, забележав дека има црвени очи и бела коса, но ништо друго освен тоа не беше различно”, се сеќава на своето породување гордата мајка.

„Секој пат кога ќе излеземе од куќата, луѓето што ќе ги сретнеме ни кажуваат колку е убава. Поради проблеми со видот, нема да може да вози и загрижена сум дали ќе ја малтретираат на училиште. Том и јас ќе ја воспитуваме и учиме да се сака заради тоа што е. На крајот на краиштата, таа е нашето мало чудо “, заклучи Шенон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button