Прво го зaпaли Охридското Езеро, а сега и целиот Балкан – „исплива“ ФОТОГРАФИЈА на која Лидија е како од мajка родена (фото)
Има 59 години, а на неа се е 100 % природно!
Познатата српска актерка Лидија Вукичевиќ откако сподели како ужива покрај Охридското Езеро ги воодушеви сите на социјалните мрежи. Облечена во бел костим за капење таа уживаше покрај тиркизното езеро, а нејзините бројни фанови уживаа гледајќи ги нејзините фотографии.
Таа кога и да објави вакви „пикантни“ фотографии, добива голем број коментари на сметка на нејзиниот изглед, а некои дури и ја критикуваат бидејќи ваквите изданија не и приличат на жена на нејзини години.
Но Вукичевиќ очигледно не е премногу заинтересирана за ваквите коментари, а дека тоа е така покажа и кога објави фотка на која е како од мajка родена. Таа ужива на креветот, покриена само со чаршав, а мажите едноставно не можат да останат имуни на ваквата нејзината појава.
Што се однесува до фотографиите што ги објави од Охрид, таа под нив напиша и еден интересен коментар.
„Кога ќе ми кажат дека треба да поминам 2000 км и да одиграм 10 претстави.. а јас вака“, напиша актерката под фотографиите.
Таа потоа преку своите „Инстаграм приказни“ им се заблагодари на публиката од Гевгелија и Струмица каде што ја играше претставата со која гостува во Македонија, а објави и видео што го снимаше во автомобилот додека патуваше низ нашата земја, со музика од Ѓорѓе Балашевиќ.
Инаку Лидија во јули оваа година ќе наполни 60 години и досега нема направено ниту една естетска опеpaција.
„Единственото што го правев на лицето е третман во вид на боцкање со кое се поттикнува работата на колагенот. Тоа кожата ја прави помека. Покрај тоа, ништо немам правено, никакви операции. Суштината на мојот младолик изглед е во тоа што јас се негувам од свои 18 години“, изјави таа.
Покрај ова Вукичевиќ додаде дека не пие, не пуши и здраво се храни. Косата не ја исправа, природно и е виткана, не ги кубе веѓите, а и ноктите и забите се нејзини, не се вештачки.
„На мене се е природно. Косата не ја исправам, природно е виткана. Веѓите не ги кубам, како што може да се забележи. Имам свои нокти, не сакам вештачки. Забите исто така се мои. Никогаш не сум сакала да ставам навлаки и да имам природно бели заби“, изјави актерката за медиумите.
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ