Првото бебе што се роди по големиот земјотрес во Индонезија – погледнете какво име му дадоа
Индонезискиот Црвен крст на Твитер објави дека и помогнале на една жена да се породи по стравичниот земјотрес во здравствена установа во северниот дел на Ломбок, а таа на детето му го дала името „Гемпа”, што значи земјотрес.
Земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди индонезискиот туристички остров Ломбок, а го затресе и соседниот Бали, однесе 91 човечки жртви. Властите објавија дека спасувачите работат интензивно на целиот терен, но и дека се уште не допреле до некои загрозени области така што бројот на жртвите би можел и да се искачи.
Но и покрај тешките моменти, една неверојатна приказна за првиот нов живот во Ломбок стана вирална и носи надеж дека животот на ова место ќе се среди и ќе се врати во нормала. Имено, индонезискиот Црвек крст на својот Твитер профил објавија дека и помогнале на една жена да се породи по стравичниот земјотрес во здравствена установа во северниот дел на Ломбок, а таа на детето му го дала името „Гемпа”, што значи земјотрес.
Мајката и детето се живи и здрави и донесоа барем малку среќа кај останатите.
Меѓу жртвите нема странци, а околу 1000 странски туристи се евакуирани на соседните острови Гили и Бали.