Малиот Александар Пријовиќ пристигна дома, а мама Александра и татко му Филип добиваат честитки со денови …
Пејачката Александра Пријовиќ се породи на 6 март 2019 година, а пет дена подоцна со нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ го изнесе бебето од породилиштето.
Благодарение на Инстаграм обожавателите можеа со нив да ги поделат овие среќни моменти за семејството.
https://www.instagram.com/p/Bu1UwV1BYxH/
Популарната Прија блескаше од среќа, појавувајќи се пред новинарите во секојдневна лежерна облека – рамни чевли, црни хулахопки и удобно палто-фустан со кариран дезен кое беше вистински избор за новопечената мама.
https://www.instagram.com/p/Bu6tre4hH3t/
Тие дома ги добија првите подароци, драги мали нешта кои ќе им ги разубават овие денови и да ги потсетат на љубовта на своите најблиски кои деновиве постојано беа со нив и им испраќаа срдечни честитки за бебето.
https://www.instagram.com/p/Bu6tobaBCtW/