Први фотографии од ќеркичката: Србинката која се омажи за шеик ја покажа наследничката- Асја има 13 години и е копија на мама! (ФОТО)
Убавата србинка Јелена Бин Драи, инаку поранешна мис на Југославија, има голем успех зад себе.
Нејзиниот луксузен живот привлече многу внимание а оние љубопитните постојано сакаат да ѕирнат во гламурот во кој живее, но иако го живее сонот на многу жени, Јелена е многу приземна и скромна личност.
Во 2010 година, Јелена и Саид ја добија ќерката Асја, следната година, синот Хилал, а во 2013 година синот Хамдан. Јелена во јули минатата година го роди и синот Рашид.
Откако го роди синот Рашид, Јелена Бин Драи се повлече од социјалните мрежи. Таа посветено ги воспитува своите четири деца, но сега и е неспоредливо полесно, бидејќи во се и помага нејзината десна рака Асја.
Ќерката на Јелена Бин Драи и Саид, се роди во 2010 година како круна на нивната љубов. Набрзо ги доби двајца браќа, Хилал и Хамдан, па никогаш не ѝ недостигало друштво за играње.
Ќерката на Јелена Бин Драи денес има 13 години, таа е грижлива постара сестра и освен што учи и работи за себе, им помага и на браќата, а особено се грижи за најмалиот член од семејството.
Иако е познато дека поранешната мисица го чува во тајност својот приватен живот, одвреме-навреме сака да сподели фотографии од своите најмили, па така беше неодамна кога со своите следбеници сподели фотографија од ќерката Асја.
Несомнено е дека Асја ја наследила убавината од мајка си, но и нежната природа, посветеноста и пожртвуваноста, што ги прави особено горди нејзините родители.