Први фотографии од убавата водителка Милена во седмиот месец од бременоста. Еве зошто нејзиниот изглед сите го коментираат!

Милена и Гордан во брачните води заплови во 2017 година, а истата година и се остварија во улога на родители.

Тоа дека Милена Антовска Станковска повторно е во блажена состојба беше една од најубавите вести што ги слушнавме во текот на летните месеци. Водителката водителка веќе има една ќерка која сега ќе биде постара сестричка и нестрпливо го чека новиот член во семејството.
Многумина се интересираат за полот на бебето, но и како изгледа убавата водителка со трудничкиот стомак. Таа неодамна откри дека носи женско дете, а како изгледа во седмиот месец од бременост покажа деновиве, на својот Инстаграм профил, со симпатичното видео на кое е со својата ќеркичка, Лана Марија.

„Очекувам бебето да не израдува во јануари. Веќе се знае дека е женско, наша втора ќерка, а Лана Марија ќе добие сестричка. Уште едно девојче, навистина сум многу среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме син, но не ми е важно. Нели ќерките повеќе ги чуваат родителите, па ако е така јас и Гордан ептен ќе бидеме чувани“, изјави Милена неодамна во интервјуто за порталот „ММС“.

Милена деновиве сподели видео на кое е со својата наследничка, а во центарот на вниманието е и нејзиниот стомак.

Бремената Милена изгледа преубаво во ова издание со кое ни покажа дека ужива во бременоста.

Таа блеска со своето трудничко стомаче во седмиот месец од бременоста, облечена во фармерки и блуска со предимензионирана ролка јака.

Таа нема ни грам шминка на лицето, но и изгледа занесно и во својата веќе поодмината бременост.



Инаку, Милена досега нема откриен како ќе се вика нејзината ќерка, а во една пригода изјави:
Име уште не сме смислиле, сега за сега не можеме да се договориме. За Лана се договоривме веднаш, па потоа го додадовме Марија, бидејќи се роди на Голема Богородица. А за ова има време, ќе смислиме, нека е живо и здраво, тоа е најважно. Лана е превозбудена, ептен среќна е и секој ден прашува како е бебето. Јас се чувствувам супер, се е во ред иако малку ми е потешко од првата бременост, изјави Милена неодамна за порталот „ММС“.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска
