Вирално

Првите морничави снимки од Боингот што се сруши со 189 патници – насекаде багаж и остатоци расфрлани низ морето – нема преживеани!

Advertisement

Агенцијата за катастрофи на Индонезија објави фотографии од скршени телефони, уништени книги, расфрлан багаж и делови од авионот кои ги собрале бродовите што пребаруваат во близина каде што се сруши авионот.

Advertisement

Авион на индонезиската компанија Лајон ер (Lion Air) со 189 патници и членови на посадата се сруши рано ова утро во морето само неколку минути откако полета од Џакарта.

Индонезиските телевизии емитуваат снимки на кои се гледа излиеното гориво и остатоци од леталото.

Advertisement

 

Пријателите и роднините на патниците се молат прегрнати и чекаат информации на аеродромот во Пангкал Пинангу.

Според Националната агенција за спасување на Индонезија околу 399 луѓе вклучувајќи и војници, полицајци и локални рибари се вклучени во пребарувањата, но досега не е пронајдено ниту едно тело, туку само лични предмети од патниците и делови од паднатиот авион.

 

Станува збор за Боинг 636 МАКС 8 кој беше испорачан на авиокомпанијата во август оваа година. Тој досега имал околу 800 часови летање, а компанијата потврди дека авионот бил исправен и дека посадата била искусна.

https://www.youtube.com/watch?v=UMRmVfpRhGc

 

Ова е најлошата авионска несреќа во Индонезија откако авионот на ЕрЕјџије што леташе на релација од Сурабаја кон Сингапур се сруши во морето во декември 2014 кога загинаа 162 луѓе колку што беа во авионот.

https://twitter.com/TheRealNewsNow2/status/1056793250277810176

Лајон ер е една од најмладите авиокомпании во Индонезија, и ова е првиот пад на новиот модел на Боинг, 737 MAX 8.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button