Реклама
Наши ѕвезди

Првиот танц на синот на Џани и Слаѓа – невестата блескаше, а свекрвата ги шокиpaше гостите со фустанот под кој сé и се познаваше!

Реклама

Убавата невеста никого не остави рамнодушен…

Постариот син на Џани и Слаѓана Трајковиќ, Милош, и се заколна на вечна љубов на својата убава сопруга Нина.

Маркетинг

Прославата беше организирана во еден хотел во Белград, а на социјалните мрежи се појави првиот танц на младенците.

Танцот на Милош и неговата невеста со која што го има синот Никола беше проследен со специјални ефекти и огномет.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Младоженецот и невестата цело време вљубено се гледаа во очите додека сите присутни со воодушевување ги посматраа како уживаат во еден од најубавите моменти во нивните животи.

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

На прославата пристигнаа голем број славни личности, меѓи кои и познатата Синди, поранешниот член на бендот „Моделс“, пото пејачките Александра Пријовиќ, Сека Алексиќ, Вики Миљковиќ и многу други.

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Преубавата Нина носеше долга венчаница со огромен шлеп и длабок шлиц од предната страна.

Младоженецот носеше црн костум, бела кошула и црни чевли.

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Во центарот на вниманието беше и мајката на младоженецот, Слаѓа, која носеше проѕирен фустан на едно раме. Креацијата беше во боја на кожа, и под неа не носеше градник, па раскошната тоалета повеќе откриваше отколку што сокриваше и многумина беа шокирани од нејзиниот избор.

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Таа носеше и „Луј Витон“ чанта од лимитирана колекција, на која што се наоѓа познатиот лик на Мона Лиза. Чантите од оваа колекција се распродадени со брзина на светлината, уште пред неколку години, по цена од „само“ 3000 евра.

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Како можеа да забележат присутните, чантата на Слаѓа беше полна со пари, кои таа им ги лепеше на музичарите.

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

„На сите им посакуваме да доживеат вакви нешто, да го оженат или омажат своето дете. Нема поголема радост“, изјави Џани за медиумите, па ја покажа чантата на Слаѓа во која тврдеше дека има 1500 евра за музичарите.

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Големо изненадување беше и свадбениот подарок. Имено, Џани и Слаѓа на нивниот син и невестата им купиле стан и автомобил.

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Инаку Милош и Нина минатата година се венчаа во општина, но тогаш прославата беше само за најблиските.

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Фото: Инстаграм/ Гранд Телевизија

Фото: Адриамедиа ТВ/ Принтскрин

Фото: Адриамедиа ТВ/ Принтскрин

Фото: Адриамедиа ТВ/ Принтскрин

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Фото: Инстаграм/ Синди Моделс

Поврзано

Back to top button