Првиот танц на синот на Алачки и убавата невеста – од романтичниот момент мајката ќе пуштеше солзи!
Познатата пејачка и водителка Адријана Алачки го ожени синот Благоја, па по тој повод направи гала прослава на која одвај ги задржа солзите радосници
Синот на Адријана Алачки, Благоја, се ожени својата девојка Емилија, а Алачки е пресреќна што во нивното семејство имаат невеста.
На свадбата беше и познатата водителка и колешка на Алачки, Ирена Спировска која сподели неколку снимки од настанот.
Меѓу највеселите секако беа родителите на невестата и младоженецот, посебно додека тие го играа првиот танц.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
На прославата настапи и колегата на Алачки, Спасен Силјаноски, кој ги крена гостите на нозе со својот мега-популарен хит.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
На прославата беа и бројни други колеги од естрадната сцена на Алачки, а дел од атмосферата погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Невестата носеше преубава венчаница со сирена крој и направена од раскошен материјал со кој никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Инаку, синот на Адријана Благоја, е правник по професија, но и музичар. Тој свири на гитара и има група со која настапува.
Со музика се занимава и невестата Емилија Трајкоска.
Таа по професија е правник, но во 2021 има снимено и спот со младите музичари Андреј Поповски – Попо и Андреј Велковски Бооф.