Реклама
Кафе муабет

Прва фотографија од новото момче на Емина Јаховиќ: Од неа е постар 14 години, важи за угледен бизнисмен! (ФОТО)

Пејачката ужива во љубовта...

Реклама

Откако ја прекина врската со Садетин Саран, Емина Јаховиќ реши повеќе да не ги споделува со медиумите деталите од нејзиниот емотивен живот.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Иако турските новинари со недели пишуваат за тоа дека пејачката повеќе од два месеци ужива во љубовта со новиот партнер Курт Даниел Сантеј, кој е 14 години постар од неа, таа се уште не сака да зборува за тоа во јавноста.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Српскиот Курир сега објави дека добро упатен извор близок до пејачката изјавил дека Емина при неодамнешната посета на Белград им се доверила на своите блиски пријатели дека конечно е среќна во љубовта и дека Курт е вистинскиот маж за неа во моментов. Дека нивната врска станува се посериозна говори и фактот што двајцата во јули ќе заминат на заеднички одмор.

Маркетинг
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Тоа ќе биде нивниот прв заеднички одмор, а како што стојат работите во моментов, планот е цел јули да го поминат во куќата на Емина во турското летувалиште Гечек, каде таа со години ги поминува семејните одмори. Тие во текот на август ќе го продолжат одморот во едно од најскапите одморалишта во Бодрум, каде Јаховиќ гостуваше неколку пати, а наследниците ќе имаат на располагање голема луксузна јахта со која ќе крстарат по морето .

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Да потсетиме, Сантеј е почитуван финансиски советник, кој долго време живеел во Швајцарија, а по разводот се вратил во Истанбул. Тој е татко на две деца и е многу влијателен во деловните кругови, а се шпекулира дека веќе имал можност да ги запознае синовите на Емина, Јавуз и Јаман.

Маркетинг
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

При неодамнешната посета на Белград, Емина не сакаше да ги коментира наводите на турските медиуми дека е во врска, но призна дека е заљубена.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Вљубенa сум во моите синови, тоа им го кажав пред некој ден. Ако ме прашувате за маж, не сакам да зборувам за тоа бидејќи тоа е застарена тема. Во Турција секој месец имам нов партнер, веќе не ни знам кој е. Немам коментар, пред месец и половина можеби беше некој сосема друг – изјави тогаш Јаховиќ за медиумите.

фото принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button