При крајот на претходниот месец голема радост се случи во семејството на Кате и Трајче од фолк бендот Соната.
Откако пред неполни два месеци, по цели 18 години врска Катерина Брезева и Трајче Бондиков стапија во брак, при крај на јуни тие се остварија и како родители. Пејачката се породи со царски рез во „Аџибаден Систина“, а од фотографиите можеме да забележиме дека Катерина изгледа речиси идентично како и пред бременоста.
Имено, таа имаше лесна бременост и беше активна до последниот ден, а за краток период планира и да им се врати на настапите.
Катерина роди женско дете тешко 2700 грама, кое го доби името Ана по желба на нејзиниот татко.
Инаку, пејачката и нејзиниот партнер пред само неколку недели се венчаа, а радосната вест ја споделија преку социјалните мрежи. Тие се заедно повеќе од 18 години, но во брачните води решија да запловат непосредно пред Кате да се породи, иако долго време живеат заедно.
Катерина и Трајче со години заедно им ги развеселувале свадбите на многу парови досега, но овој пат, бидејќи Катерина беше во блажена состојба, решија и официјално да ја крунисаат својата љубов и тоа во осмиот месец од бременоста.
Тогаш во интервју за порталот „Фокус“ Катерина прв пат откри дека носи девојче и дека со сопругот полека се подготвуваат за новата улога во нивните животи.
Но она што на многумина им влезе во очите е убавиот „мал невестински“ фустан што го носеше трудната невеста, па во коментарите покрај честитките можат да се прочитаат и бројни пофалби на сметка на нејзиниот изглед.