Прва фотографија на Тамара по веста дека се разведува – фановите ИЗНЕНАДЕНИ, никогаш ја немаат видено во вакво издание!

Тамара Тодевска ги изненади своите бројни обожаватели со веста дека се разведува од својот сопруг.

Пејачката со последните објави им покажа на своите обожаватели со кои дели речиси сé дека и покрај крахот во бракот продолжува онаму каде што застанала…
Таа и поранешниот кошаркар и репрезентативец, Александар Димитровски, од овој брак имаат две деца, Хана и Дарен кои сега им се најважни, и за кои, како што вели и самата пејачка, ќе направат сé само полесно да поминат низ овој период кој за нив можеби ќе биде и најтежок. Тие веќе одат на училиште и градинка, па Тамара ги замоли медиумите да внимаваат и нивните права и интереси да останат заштитени, да не бидат дел од медиумските преписки.
А тоа дека нејзините наследници сега и се најважни и покрај тоа што и самата таа поминува низ поприлично незгоден период од животот, зборува и последната фотографија што Тамара ја објави на својот Инстаграм профил.
Имено таа објави фотографија на која е нацртан нејзиниот лик и ликот на нејзините деца како Симпсони.

Таа им се заблагодари на авторите на овој цртеж, а со своите објави во рамките на Инстаграм приказните покажа дека останува силна, посветена на својата работа, и покрај турбуленциите низ кои што поминува.

Таа објави стори од теретана, на кое се гледа како напорно вежба, а потоа го покажа и резултатот со едно „селфи“.


Имено, пејачката позираше во фармерки и „кроп топ“, така што во центарот на вниманието беше нејзиниот гол стомак.

Тамара со последните објави им покажа на своите фанови со кои дели речиси сé дека и покрај крахот во бракот продолжува онаму каде што застанала, посилна од кога било досега, а за медиумите откри и дека наскоро ќе раскаже повеќе детали за сето она што и се случува во животот.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
