Прва фотографија на познатиот фолк пејач со неговиот наследник – НЕОДОЛИВА ГЛЕТКА, таткото се топи во близина на бебето
Сопругата на Слоба Радановиќ ги воодушеви сите…
Сопругата на познатиот пејач објави фотографија со која покажа како тој ужива со нивниот наследник. Тој самиот неодамна откри дека и помага на саканата во домашните обврски и дека е пресреќен што конечно се остварил во улога на родител. Не крие дека менува пелени, но и дека не му е тешко да станува навечер, и да и помогне на сопругата околу бебето…
Фолк пејачот Слоба Радановиќ и неговата сопруга Јелена Радановиќ не кријат колку многу уживаат во родителството.
Овој пат Јелена закачи „приказна“ на Инстаграм, а на фотографијата се гледа како Слоба ужива со бебето.
Неговата сопруга уште еднаш ги разнежни нивните обожаватели кои нестрпливо ја чекаат првата фотографија од малиот Дамјан.
Фотографијата што ја објави Јелена погледнете ја во продолжение…
Инаку, Слоба неодамна откри како се снаоѓа во новата улога:
„Чувството е совршено, од ден во ден се поубаво и поубаво. Да знаев дека е вака, можеби и порано би го направил тоа. Јас работам се, ја оставам неа да се одмори. Ништо не ми е тешко, ни да станувам, ни да мијам, ни да менувам пелени“, изјави тогаш познатиот српски фолк-пејач.
Слоба и Јелена својата романса ја започнаа во 2019 година, а во февруари минатата година ја крунисаа со брак.
Сопругата на пејачот е пет години постара од него, а покрај Дамјан има уште два сина од претходниот брак.
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ
Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ