Реклама
Наши ѕвезди

Прва фотографија на Анета по разводот – ЕВЕ СО КОГО ПЕЈАЧКАТА ГО МИНУВА ВРЕМЕТО, ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ

Првата фотографија на Анета по разводот покажува со кого го минува времето, но и како пејачката се чувствува

Реклама

Пејачката Анета Мицевска и нејзиниот сопруг Џими Мицевски одлучија да стават точка на нивниот брак по две децении заеднички живот.

Анета и Џими од овој брак ја имаат ќерката Моника која студира и живее во Германија, а и по разводот останаа во добри односи.

Тие и понатаму професионално функционираат и соработуваат, а како што самата пејачка пред само неколку дена за Гламур магазин изјави, нивната група Молика ќе продолжи да функционира бидејќи имаат договорени настапи до август следната година.

Маркетинг

Фото: Фејсбук

„Разводот е во постапка, а за останатото и причините не мора да се коментира“, ни изјави кратко познатата пејачка.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Анета по вестите за разводот го промени презимето на својот Инстаграм профил од Мицевска во Љумаковска, а сега објави и една фотографија на која е со нејзината наследничка Моника.

Фото: Инстаграм

Тие се возат во автомобил и изгледаат среќно кога се заедно, па следуваа бројни коментари на сметка на нивниот изглед, но и поддршка од верните фановите за тешкиот период низ кој пејачката минува.

„Шубај сте“, „Убавици“, „Мамина копија“, „Најдобра си, само напред“, „Број еден мајка и ќерка број еден“, беа само некои од коментарите што Анета ги доби под фотографијата со нејзината наследничка.

Фото: Инстаграм

Инаку, веста дека познатите музичари решиле да стават точка на нивниот брак многумина изненади, посевно што Анета и Џими никогаш не оставале впечаток дека имаат сериозни проблеми во нивниот однос.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Но оние што ги познаваат велат дека во последно време не успевале да пронајдат заеднички јазик, па решиле дека разводот е најдобро решение, како за нив, така и за нивната ќерка, што неодамна го потврди и Анета за Гламур магазин.

„Да точно е дека се разведувам и ја напуштам групата. Но ќе го почитувам договорот, до август идната година да ги одржиме сите настапи“, изјави тогаш познатата пејачка.

А тоа дека мирно го прифати крајот на бракот сведочи и овие нејзини објави кои само неколку дена по информациите дека се разведува ги сподели на социјалните мрежи со своите бројни фанови.

Фото: Фејсбук

Анета и Џими беа две децении во брак, од кој ја имаат ќерката Моника, а Џими има син и од претходниот брак, кој исто така е музичар.

Фото: Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button