Прва се побуни против „плус-сајз“ индустријата: „Како може да очекуваат од нас да имаме рамен стомак”
Дури и во светот на плус-саjз моделите постојат одредени критериуми како треба да изгледате.
На оваа тема меѓу првите зборуваше „плус-сајз“ манекенката Сони Тарнер. Ова 20-годишна девојка која ги носи моделите на брендовите „Asos“ и „Primark“ вели дека и во светот на покрупните модели постојат одредени ограничувања кога станува збор за изгледот.
“Дури и во плус-сајз индустријата има одреден притисок кој се однесува на тоа како би требало да изгледаат моделите”, изјави таа за „Дејли Телеграф“.
https://www.instagram.com/p/BtBxuLzFtbS/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
„Можете да бидете дебели, но не премногу. Можете да бидете плус-сајз големина, но морате да имате рамен стомак. Тоа ме прави многу вознемирена, бидејќи плус-сајз значи дека можете да бидете која било големина, но во реалноста не е така” вели таа и додава дека се уште треба да внимава што јада и постојано да вежба во теретана. Но, плус-сајз моделот открива и дека токму вишокот килограми и помогнал да заработи повеќе пари во модната индустрија.
https://www.instagram.com/p/BurWeC5lFsu/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
„Станав плус-сајз модел тогаш кога не бев доволно слаба за да бидам обична манекенка“ заклучува Сони.
https://www.instagram.com/p/Bs_H0n1lUkC/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control