Прва изјава на Цеца по објавата дека Анастасија е бремена: Гордата баба не може да ја сокрие среќата- еве што разговарале на телефон со наследничката
Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот партнер, фудбалерот Немања Гудељ чекаат бебе.
Оваа вест денеска ги израдува фановите на младата пејачка. Ќерката на Цеца Ражнатовиќ веќе извесно време живее во Севиља, па јавноста само го чекаше моментот кога од нивниот дом ќе стигне добра вест. Како што пренесува Блиц, младата пејачка е бремена во четвртиот месец.
Во емисијата „Цеца шоу“ што ќе се емитува утре, гледачите ќе имаат можност да го слушнат разговорот меѓу Анастасија и Цеца, како и првите изјави на фолк ѕвездата и Вељко Ражнатовиќ.
-По прекрасната вест дека Крстан дојде кај нас, следуваше уште една убава вест, уште една бременост и уште едно бебе кое со нетрпение го очекуваме – изјави Цеца.
Анастасија Ражнатовиќ не се појави на неодамнешната прослава на полнолетството на братучетката Хелена, ќерката на Лидија Оцокољиќ, поради што многумина ставија прст на чело и се запрашаа што се случува со семејството. Ако се толку блиски, зошто младата пејачка не дојде на споменатата забава?
Мистеријата ја реши мама Цеца:
‒ Анастасија чека документи, затоа не доаѓа во Белград.
Документите се однесуваат на Шпанија, каде што таа престојуваше во последните неколку месеци. Нејзиното момче Немања Гудељ живее во Севиља, за чиј клуб настапува. Сепак, упатените велат дека Анастасија би морала да се омажи доколку сака да добие шпанско државјанство. Затоа нејзиниот профил беше „бомбардиран“ со прашања дали веќе се омажила за Немања, а ако не, дали можеби е бремена, што би ја забрзало постапката за нејзино преселување. Одговорот конечно пристигна…