Прва венчавка во манастирот на Проески и ново видео со НЕГОВИОТ ГЛАС како ја пее „Елици во Христа“
Овој манастир за Тоше Проески имаше посебно значење
Манастирот Свето Преображение Господово кај Крушево, каде Тоше Проески го пронаоѓаше својот духовен мир и кој помогна повторно да се издигне, конечно светна со сиот свој сјај.
Манастирот овој викенд беше осветен, а како што велат од црквата, тоа беше направено со Божјата помош и благодат.
„Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески“, велат од Крушевско-демирхисарската митрополија во нивното соопштение на Фејсбук по повод осветувањето на манастирот кое се случи на 24 септември оваа година.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Елици во Христа
Манастирот беше осветен во присуство на голем број верници од Крушево но и од многу други места, од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, а како изгледше овој величествен момент, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин, Фејсбук/ И. Соколески
Фото: Принтскрин, Фејсбук/ И. Соколески
Фото: Принтскрин, Фејсбук/ И. Соколески
Веднаш по осветувањето на манастирот се случи и првата венчавка, пренесува порталот „Станица.мк“.
Фото: Принтскрин, Фејсбук/ И. Соколески
На Фејсбук страницата на Манастирот објавено е и промотивно видео по повод осветувањето на манастирот, со гласот на непрежалениот Тоше Проески снимен додека ја изедува „Елици во Христа“.
МФ Тоше Проески, ИнфоКомпас/Александар Пауновски
Како што кажуваат мештаните, во 70-те години на минатиот век, темелите на стариот манастир ги пронашол токму таткото на Тоше, Никола Проески, заедно со уште неколку ловџии. Никола кој тогаш работел во стакларницата во Крушево, направил стален крст и го оставил како обележје на ова свето место, а жителите од село Селце кажуваат дека на празникот Преображение од тоа место навечер се појавува голема светлина која оди кон нивното село.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Елици во Христа
Тие се сеќаваат дека кога се откривале темелите на манастирот, Тоше Проески бил единственото дете, кој тогаш имал пет години, што помагал.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Елици во Христа
Подоцна, кога порасна, Тоше токму на ова место го пронаоѓаше својот мир и важеше за неговиот втор дом.
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Тој заедно со неговите сограѓани од Крушево помагаше да се изгради манастирот и секогаш гордо кажуваше дека помагал и со физичка работа.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Елици во Христа
Како легендрниот македонски пејач зборуваше за ова место, за кое велеше дека знае дека на крајот ќе заврши тука, во овој манастир, потсетете се на крајот од галеријата што следува…
Фото: Фејусбук/ Манастир “Св. Преображение“ – Крушево
Фото: Фејусбук/ Манастир “Св. Преображение“ – Крушево
Фото: Фејусбук/ Манастир “Св. Преображение“ – Крушево
Фото: Фејусбук/ Манастир “Св. Преображение“ – Крушево