Новости

ПРВА БЛИСКА СРЕДБА НА ЦЕЦА И КАРЛЕУША – Се најдоа на неочекувано место, а потоа следеше оваа реакција!

Advertisement

Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ имале блиска и мошне непријатна средба во авионски лет за Минхен и тоа само една недела откако се случи скандалот во судница кога беше објавено видео од судење на кое можеа да се слушнат бројни меѓусебни навреди.

Неверојатно е како двете балкански ѕвезди одбрале патување со ист авион и имале face to face средба и на летот од Белград за Минхен, како и на германскиот аеродром, пишуваат српските медиуми.

Advertisement

Фото: Фејсбук

Детали од оваа блиска средба за српски Курир раскажал еден од патниците кој бил на овој „историски“ лет“.

Advertisement

– Јелена прва пристигна на белградскиот аеродром. Беше облечена во црно од глава до петици – во долг црн фустан со прерамки, влечки и чанта, а очите ги криеше зад големите очила за сонце.

Цело време пишуваше на мобилниот телефон. Таа веднаш влегла во авионот, каде седнала во бизнис класа, до прозорецот. Меѓу последните кои се качија во авионот беше Цеца, придружувана од нејзиниот клавијатурист, фризер и неколку луѓе од тимот.

Веднаш на влезот ја забележала Јелена, па само ја спуштила главата и тивко продолжила кон своето место кое било само еден ред зад колешката, така што цело време во текот на летот гледала право во неа, додека разговарала со својот музичар – вели сведокот на блиската средба.

Фото: Фејсбук

Во продолжение еве ја неговата верзија на оваа непријатна случка.

Додека седеше, Јелена во еден момент го крена погледот во правец на Цецa која во тој момент се качуваше во авионот и додека минуваше и го бараше своето место, само накратко искоментира: „Дали е можно тоа и оваа несреќна жена е тука? Оваа жена ме прогонува“.

Тоа предизвика смеа кај присутните патници од бизнис класата. Целиот лет Цеца го поминала разговарајќи со момче од нејзиниот бенд, додека Карлеуша цело време гледала во нејзиниот телефон.

По слетувањето во Минхен, Јелена беше една од првите што излезе од авионот и седна да ги чека танчерките и организаторот на настапот за таа вечер, кои седеа на крајот од економската класа на истиот лет. По некое време, по неа пристигнала Цеца и само поминала покрај неа.

Двете пејачки повторно се сретнале и додека го чекале багажот.

– Јелена веднаш седна спроти Цеца. Куферите малку задоцнија, па Јелена ги симна очилата и неколку пати гледаше во нејзиниот правец додека цело време го држеше телефонот во рака.

Ражнатовиќ не ги симнала очилата за сонце и цело време разговараше со својата колешка кое седеше до неа. Тоа беше многу непријатно. Таа во еден момент станала, малку застанала на страна и со колешката се упатила кон излезот, правејќи се дека не ја забележува колешката.

Многу брзо по неа, кон излезот се упати и Јелена бидејќи го продолжи патувањето кон Штутгарт, за разлика од Цеца која остана во Минхен – заклучува извор за Курир.

Ова не е прв пат Цеца и Карлеуша да патуваат со ист авион. Последен пат тоа се случило пред две години кога се враќале од Виена, а истата ситуација се случила во 2012 година кога и двете патувале за Цирих.

– Оваа средба ќе биде историска доколку се урне овој авион. И ако се урне, Србија ќе си ги реши сите проблеми – изјави тогаш Карлеуша за српскиот портал Курир.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button