Првата фотографија со бебето на убавата Турчинка од „Истанбулската невеста“ ќе ви го стопи срцето!
Познатата актерка објави фотографија со својата ќерка

Познатата актерка Асли Енвер (39) се омажи за турскиот бизнисмен Беркин Гокбудак минатата година во месец ноември.
По венчавката, беше откриено дека Енвер е во вториот месец од бременоста, па таа мораше да го напушти снимањето заради бременоста.
Среќната вест дека се остварила во улога на мајка пристигна на 4 јули, а парот на нивната наследничка и го дадоа името Елеј.
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Убавата актерка сега сподели фотографија и покажа како ужива со сопругот и нивната ќерка набргу по породувањето.
Фотографијата веднаш стана жешка тема на социјалните мрежи, посебно откако ја сподели на својот Инстаграм со преку 6 милиони фанови.
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Инаку, Асли пред да си ја пронајде среќата во бракот со бизнисменот Гокбудак имаше бројни љубовни неуспеси.
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Асли денес важи за една од најбараните и најплатените актерки во Турција, а публиката во Македонија ја запозна благодарение на популарната серија „Истанбулската невеста“.
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Таа во серијата ја глумеше скромната и добродушна Суреја, талентирана музичарка која живееше со својата тетка.
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Инаку, Асли веќе има еден брак зад себе – со Биркан Сокулу. Нивниот брак заврши по три години бурен заеднички живот.
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Потоа беше свршена за музичарот Мурат Буз, но и оваа врска не траеше долго, а конечно решија да се разделат во 2018 година.