И покрај тоа што одамна се разведе од Весна и со години ужива во хармоничен брак со Јована Јоксимовиќ, сепак јавноста се уште ја интересира причината за разделба на Жељко со првата сопруга.
Како што е познато, љубовната приказна на Весна и Жељко датира уште од нивните училишни денови и според многумина, се чинеше дека ќе трае вечно.
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
Тие се венчаа, на 23 години станаа родители на ќерката Мина, а уште беа млади кога секој тргна по својот пат.
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
Вистината е, судејќи по објавите на социјалните мрежи, поранешните сопружници останале во пријателски односи, а првата г-ѓа Јоксимовиќ се уште одлично комуницира со бившите свекор и свекрва со кои редовно се гледа , пренесува Hello.
фото инстаграм/Весна Јоксимовиќ
Ниту Весна ниту Жељко Јоксимовиќ никогаш не проговорија за причините кои доведоа до пропаѓање на бракот, а сега таа конечно реши да проговори и да стави крај на сите сомнежи.
фото инстаграм/Весна Јоксимовиќ
-Бракот не ме интересира, тоа е застарена институција. Се додека е убаво нека трае, па после збогум. Еве го одговорот – напиша Весна на својот Инстаграм профил со фотографија во костим за капење.
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
Мора да признаеме дека Весна Јоксимовиќ, која во младоста важеше за една од најубавите девојки во родниот град, денес изгледа како малку постара сестра на Мина.
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
Познавачите веруваат дека Мина убавината ја наследила од мајка си, а музичкиот талент од татко и.
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ