Реклама
Холивуд

Првата изјава на Вилијам по „Мегзит“ ги шокираше Британците: „Не можам повеќе! Цел живот се грижев за мојот брат, но сега е доста!“:

Реклама

„Цел живот го подржував мојот брат, но повеќе не можам“, изјави принцот Вилијам во првата изјава откако Хари и неговата сопруга Меган одлучија да се откажат од сите кралски должности и ги шокираа сите.

Војводата од Кембриџ Вилијам изјави дека е тажен заради ваквата одлука на неговиот брат да се одвои од кралското семејство, пишува „Сандеј тајмс“.

Маркетинг

„Цел живот го подржував братот и го бранев, но повеќе не можам. Ние сме сега два одвоени света. Јас сум тажен заради тоа. И се’ што можеме да направиме, се што можам јас да направам, е да го поддржам и да се надевам дека ќе дојде ден кога повторно ќе мислиме исто. Сакам сите да бидеме во еден тим“, изјавил Вилијам наводно на еден свој пријател.

Британското кралско семејство ќе се состане во понеделник за да разгледа што ќе се случува во иднина со војводата и војвотката од Сасекс, откако парот пред две недели објави дека ќе се повлече од должноста на повисоките членови на кралското семејство и ќе стане независен.

Маркетинг

На состанокот ќе присуствува и кралицата Елизабета II, принцот Чарлс, принцот Вилијам и принцот Хари. Се очекува и Меган, војвотката од Сасекс, преку видео линк од Канада да биде присутна на состанокот.

Ова ќе биде прв пат членовите на кралското семејство да се соберат откако Хари и Меган јавно ги споделија своите желби – и покрај противењето на кралицата, тие решиле да се повлечат од вршењето кралски должности, и дека времето ќе го минуваат на релација Британија и Северна Америка.

Новинарот Том Бредли, кој неодамна разговараше со Хари и Меган на „ITV“ верува дека ново интервју со нив дополнително би го погодило кралското семејство и додава дека тоа и „не би било баш добро“. Бредли не кажува точно за што би можеле да зборуваат, но според пишувањата на „Сандеј тајмс“, членовите на кралското семејство се плашат Меган да не ја претстави кралската куќа како расистичка. Познатиот британски магазин исто така пишува дека желбата на кралицата Елизабета II е целата ситуација да се разреши по мирен пат, и тоа „во следните неколку дена, а не недели“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button