Реклама
Наши ѕвезди

Првата дама на Македонија уште еднаш оддржа лекција за елеганција – ПОГЛЕДНЕТЕ како треба да изгледа вистинска дама

Реклама

Првата дама уште еднаш во беспрекорно и елегантно издание покрај претседателот.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Вчеравечер на отворање на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“ претседателот заедно со својата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска се појавија на настанот, а како и секогаш првата дама ги собра сите погледни.

Првата дама блесна во долг елегантен фустан во темнозелена и црна боја во комбинација со едноставен накит и минимална шминка.

Бојата на фустанот и ја истакна сјајната кожа и совршено прилегаше на тенот на кожата и бојата на косата.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски
Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски
Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Како што доликува на дама таа со едноставна софистицираност е вистински пример како треба да изгледа жена на една ваква свечена пригода.

Елизабета често плени со својот изглед и насмевка, а често ја споредуваат и со кралицата Летиција.

Маркетинг

За нејзината убавина и стил, светските медиуми на големо пишуваат. За шпанската кралица Летиција Ортис Рокасолано велат дека е поубава од англиските принцези Меган Маркл и Кејт Мидлтон.

Кралицата Летисија е вистинско олицетворение на женска елеганција

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Таа важи за светска модна икона, која секогаш изгледа елегантно и прикладно, па оттаму и споредбата со македонската прва дама која веќе во неколку наврати покажа дека знае што да облече.

Неодамна при посета на Загреб исто така заедно со претседателот таа доминираше со својот изглед.

 

За оваа пригода, македонската прва дама избра елегантна темносина креација, додека првата дама на Хрватска се појави во комбинација од здолниште во циклама нијанса и виолетова кошула.

Слична беше ситуацијата кога претседателската двојка замина во посета во Полска, но и при посета на папата.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Облечена во црн костим како што налага протоколот и црн вел Елизабета просто изгледаше неверојатно.

Елегантниот костим со симболична порака е креација на истакнатата македонска дизајнерка, Лидија Георгиева, која која континуирано соработува со Ѓоргиевска за специјалните пригоди.

Костимот беше збогатен со стилизиран вез инспириран од орнаментиката на старословенските ракописи, поточно елемент од Псалтир со последование, коj датира од 16-ти век.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button