Сопругата на претстедателот на Македонија Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, изгледаше феноменално при официјалниот прием од страна на словенечкиот претседател, Борут Пахор
Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска беше облечена во нежна розова боја од глава до пети при официјалниот прием од страна на словенечкиот претседател Борут Пахор и неговата сопруга Тања Печар. Елизабета за оваа пригода „фураше“ елегантна розова креација со интересен детаљ на долниот дел од здолништето – преубав цветен дезен со кој на совршен начин го разби ова деловно издание.
Во прашање е фустан со долго, широко здолниште и ¾ ракави, зачинет со дебел ремен во иста нијанса со фустанот.
Елизабета целото издание го заокружи со децентна шминка, пуштена коса, впечатлива нараквица со бели бисери, рачен часовник и салонки во беж нијанса.