Реклама
Наши ѕвезди

Првата дама на Македонија, кралицата и еден детаљ што малкумина го ЗАБЕЛЕЖАА – гледате ли нешто чудно на оваа фотографија?

Реклама

Нашата прва дама заедно со останатите први дами од другите држави позираше на НАТО самитот во Мадрид

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Во центарот на вниманието беше шпанската кралица Летиција која ги водеше своите гостинки низ Музејот на кралицата Софија. Таа заедно со нив се фотографираше пред познатата слика на Пабло Пикасо, Герника, а потоа задно со Бегонија Гомез, сопругата на шпанскиот премер Педро Санчез, сите заедно патуваа северно од Мадрид со еден од шпанските возови, до градот Сеговије, каде кралицата им ги покажа луксузните кралски палати и градини.

Но она што на многумина им беше чудно од заедничката фотографија на кралицата Летиција со првите дами меѓу кои беше и сопругата на претседателот на Македонија Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, е тоа што на истата се наоѓаат и двајца мажи..

Маркетинг
Фото: Роберт Смит, Сипа пресс

Тие можеби на прв поглед на фотографијата на која преовладуваат сите овие жени не се забележуваат, но секој што подобро ќе ја погледне фотографијата ќе ги забележи и ќе се запраша што бараат тие тука.

Во прашање се Јури Ризман, партнерот на претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, како и Готје Дестенеј, кој му е сопруг на првиот геј премиер на Луксембург, Ксавијера Бетела.

Фото: Роберт Смит, Сипа пресс

Кралицата Летиција за оваа пригода беше облечена во фустан во пастелна розова нијанса со бели туфни, додека нашата прва дама носеше бела комбинација, за разлика од претходно, кога се појави во црвено издание.

Маркетинг
Фото: Роберт Смит, Сипа пресс

Имено, Бети присуствуваше на свечената вечера заедно со претседателот Стево Пендаровски, која во чест на лидерите земји-членки на НАТО, учесници на Самитот, ја приреди кралот на Шпанија, Фелипе Шести.

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Нашата прва дама тогаш носеше софистициран црвен фустан, а целото издание го заокружи со црвени модни додатоци.

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Кралицата Летиција за разлика од ова опуштено издание со летниот фустан и еспадрилите на платформа, на свечената вечера беше облечена во црно монохроматско издание со кое никого не остави рамнодушен.

Фото: Инстаграм/ Royalfashionpolice

Таа тогаш носеше мал црн фустан од шпанскиот бренд „The 2n Skin Co“ кој го носеше и во 2021 година.

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фустанот очигледно е еден од омилените на кралицата, а целото издание го заокружи со стејтмент високи потпетици.

The 2n Skin Co

Во продолжение погледнете и една галерија инспирирана од ова црвено издание на нашата прва дама.

Бонус галерија

Фото: Инстаграм

Црвени фустани за лето 2022

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Наши предлози за вашите плакари

Valentino (via Net a porter)

Norma Kamali (via Net a porter)

Mango

Mango

Reformation (via Net a porter)

La Ligne (via Net a porter)

Zara

Mango

Mango

Norma Kamali (via Net a porter)

Zara

Zara

Mango

Mango

Valentino (via Net a porter)

Zimmermann (via Net a porter)

Christopher Esber (via Net a porter)

Zara

Zara

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button