Реклама
Наши ѕвезди

Првата дама на Македонија и оддаде почит на кралицата Елизабета – погледнете како изгледаше, овој детаљ го забележаа сите!

Реклама

Нашата прва дама во преубав црн фустан и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

„Со сопругата оддадовме почит на поцмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погпебна церемонија во Вестминстерската опатија“, напиша претседателот Стево Пендаровски под снимката што ја објави на својот Инстаграм.

Почитта и љубовта кон пoчинатата кралица Елизабета Втора ги обединија сите членови на британското кралското семејство, а проблематичните семејни односи што ги имаа меѓу нив овој пат останаа настрана.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Во замокот Виндзор се е во сеќавање на кралицата Елизабета

По тој повод се собраа принцот и принцезата од Велс, Кејт и Вилијам, со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Внуците на кралицата со своите сопруги покажаа солидарност со народот што го испраќа својот монарх кој најдолго владееше, а во служба на тоа беше и секој стилски детаљ на Кејт Мидлтон и Меган Маркл на чии модни комбинации и овој пат им беше посветено големо внимание.

Маркетинг
Фото: Пул/Зума Прес

Тие и двете за овој настан избраа фустани со должина под колената, и секако во црна бој и со сведен крој.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Во многу слично издание во Лондон, пред пocмртните останки присуствуваше и нашата прва дама, Елизабета Ѓоргиевска, која со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, го посетија ова место за да оддадат почит на британскиот монарх, Кралицата Елизабета Втора.

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Таа носеше долг фустан, со долги ракави, кој лежерно се шири во долниот дел, а дополнителна елеганција внесе со бисерниот ѓердан и малите обетки, како и со косата врзана во пунџа со која суптилно го откри накитот.

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Погpeбот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи денес во Вестминстерската опатија во центарот на Лондон, а се очекува дека ќе бидат присутни сите членови на потесното кралско семејство, вклучувајќи ги и нејзините внуци Вилјам и Хари, како и нивните сопруги Кејт и Меган.

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Поврзано

Back to top button