Наши ѕвезди

Првата дама на Македонија го украде шоуто на црвениот килим – претседателот Пендаровски остана во нејзината сенка

Advertisement

Првата дама во прекрасно издание…

Фото: Фејсбук/ Стево Пендаровски

Фустанот во нијанса на смарагди што го носеше првата дама на Македонија беше толку впечатлив што го украде шоуто.

Advertisement

Покрај ваква креација со која што Бети се појави на црвениот килим нема да ви треба речиси ништо да заблескате, освен неколку модни додатоци кои можат да бидат минималистички или класични, но не заборавајте дека можете и да си поиграте со стиловите и да додадете нешто шик.

Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, овој преубав фустан го носеше на црвениот килим на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Таа целото издание го зачини со децентна шминка, модерна фризура и елегантни високи потпетици.

Фото: Фејсбук/ Стево Пендаровски

И покрај тоа што смарагдно зелената боја повеќе одговара за есенските и зимските комбинации, Бети дефинитивно блескаше на црвениот килим, а ова издание не инспирираше да ѕирнеме што има во ова боја низ продавниците на познатите брендови кои им се омилени на нашите дами.

Advertisement
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Фустанот што го носеше права дама беше украсен со интересен црн детаљ во пределот на деколтето, што потполно се вклопи со нијансата на елегантните високите потпетици што Бети ги избра за оваа пригода.

Фото: Фејсбук/ Стево Пендаровски

Претседателот Пендаровски избра елегантен класичен костим, а корисниците на социјалните мрежи коментира дека остана во сенка на својата сопруга, но и дека ова е едно од нејзините најдобри изданија досега.

Бонус галерија

Еве зошто жените ги обожаваат фустаните во смарагдна боја

Zimmermann

Jenny Packham

Galvan

Reem Acra

Reem Acra

Galvan

Lanvin

Mango

Mango

Mango

Mango

Self-Portrait

Dodo Bar Or

Safiyaa

Self-Portrait

Self-Portrait

Ganni

Maison Margiela

Zara

Zara

Zara

Zara

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button