Реклама
Холивуд

Првата дама на Америка повторно ни одржа модна лекција

Реклама

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, важи за дама со непогрешлив стил.

Таа често го следи својот сопруг на патувањата, а она што многумина го забележуваат е нејзиниот беспрекорен моден стил. Речиси во ниту една нејзина комбинација не можете да пронајдете грешка, а најчесто ја гледаме во елегантни изданија што подразбира фустани, елегантни високи потпетици и паметно избрани модни додатоци.

Маркетинг

Но првата дама ни покажа дека и кога „фура“ и поопуштен стил повторно знае како да изгледа феноменално. Имено, таа деновиве се појави со синот и сопругот во обична бела маица со кратки ракави која ја носеше со зелено здолниште од „Фенди“, но и шик високи потпетици со животински дезен кои одлично се вклопија во ова нејзино Меланииздание.

Маркетинг

Во прашање е одличен пример со кој убавата Словенка ни покажа дека памучната бела маица не стои добро само во спортските изданија, напротив можеме да ја комбинираме и со здолништа, но и со фармерки и панталони и повторно да постигнеме ефектна и класична комбинација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button