Наши ѕвезди

Првата дама во ова издание ги освои срцата на цела Македонија – во претседателската палата никогаш не било олку весело

Advertisement

Првата дама на Македонија ги растопи срцата на илјадници.

Advertisement

Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓорѓиевска важи за вистинска дама која плени со својот шарм, а деновиве заедно со претседателот и нејзин сопруг Стево Пендаровски остварија средба со членовите на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа“.

Првата дама облечена во едноставна комбинација со бела елегантна кошула и црни панталоно им честиташе за успесите на светските натпревари за млади иноватори и на натпреварот за наука, животна средина и инженерство, од каде се вратија со три златни и еден сребрен медал, како и со специјална награда на жирито.

Со топли прегратки и насмевки таа заедно со Пендаровски им посакаа многу успех на претстојниот светски натпревар којшто ќе се одржи во август во Канада, а на кој ќе учествуваат со проект на тема лековити билки и нивна примена.

Advertisement
Фото: Стево Пендаровски/ Фејсбук
Фото: Стево Пендаровски/ Фејсбук
Фото: Стево Пендаровски/ Фејсбук
Фото: Стево Пендаровски/ Фејсбук

Елизабета е позната по својата работа како хуманитарец и активист.

Таа за време на пандемијата на сите ја нагласи потребата за промена на начинот на производството, продажбата, консумирањето и фрлањето на облеката.

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

„Со облеката што ја носиме, да ја прикажеме нашата грижа за животната средина, одговорно управување со природните ресурси и почитување на работничките права во производството на облека. Да го поддржуваме локалното производство и модни дизајнери, да ја донираме и подаруваме облеката која не ја носиме“, напиша таа на социјалните мрежи.

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм
Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Бети често се појавува и на хуманитарни настани, а желбата да помогне на другите ја покажува и со тоа што работи како доктор (стоматолог).

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Претходно првата дама заедно со претседателот Стево Пендаровски и членови од претседателскиот кабинет подготвуваа храна за бездомни и социјално загрозени лица, како поддршка на долгогодишната активност на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“.

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Ова беше трета по ред заедничка активност на Кабинетот на претседателот и „Ретвитни оброк“, при што досега се подготвени 300 оброци, а поради претстојните празници и со оглед на тоа дека се одржа за време на велигденските пости, храната која ја приготвија беше посна.

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм
Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Повеќе од 20 години е во среќен и хармоничен брак со претседателот Стево Пендаровски, а плод на нивната љубов е синот Огнен.

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм
Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Фото: Елизабета Георгиевска/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button