Празничната магија кај сестрите Родиќ во Тител – Наташа ја покажа новогодишната декорација, а потоа и новото момче
Празничната магија полека се ближи, па многумина уште од сега ги украсија своите домови.
Тоа деновиве го направи и популарната Наташа Родиќ која ја покажа раскошната новогодишна декорација во домот на семејството Родиќ во Тител.
Од нејзините фотографии на Инстаграм можеме да видиме дека секој дел од куќата е украсен во новогодишен дух, а повеќе од очигледно е и дека не штедела за украси.
Впрочем ова ќе биде и првата Нова година во која внуците Жељко и Зоран ќе уживаат заедно во времето поминато кај своите баба и дедо. Малиот Зоран неодамна беше крстен, a Богдана објави и едно преслатко видео на кое малиот Жељко ужива во украсената просторија со својата тетка.
Елката е украсена во розови нијанси, а она што посебно ги изненади сите се украсите на мечето.
Покрај каминот стои Дедо Мраз, во ќошињата ангели, а на масата раскошна декорација.
Инаку, Наташа до скоро медиумите ја поврзуваа со Јован Пејиќ, синот на Злата Петровиќ и Зоран Пејиќ Пеја, па Наташа очигледно реши да ги демантира овие гласини.
Таа објави и една фотографија на која е на романтична вечера со момче, а под неа напиша „Date“.
Таа и претходно има објавено фотографија од своето момче, но сега прв пат го откри неговото лице.
Фото: Инстаграм/ Наташа Родиќ
Фото: Инстаграм/ Наташа Родиќ
Фото: Инстаграм/ Наташа Родиќ
Фото: Инстаграм/ Наташа Родиќ
Фото: Инстаграм/ Наташа Родиќ