Прав домаќин – познатиот фолкер ги воодушеви сите со овој потег
Освен на сцената познатиот фолкер е маестрален и во кујната.
Нино подготви вкусно јадење, а сето тоа беше забележано пред камерите.
Фолк-пејачот Нино Величковски се смета за голем џентлмен и шармер, а кога тој настапува на некоја прослава, забавата е загарантирана.
ФОТО: Фејсбук / Нино Величковски
Неговите манири и џентлменски потези дополнуваат да биде миленик на македонска народна сцена.
Природата на неговата професија е таква што тој постојано е во друштво на убави жени, но клучот на неговото срце го има само една – Лидија Трифуновска.
ФОТО: Фејсбук / Нино Величковски
Нивната приказна е интересна, особено затоа што нивната љубов ја криеле многу долги, дури и од семејствата.
Во едно свое интервју пејачот раскажа дека седум години се гледале тајно.
ФОТО: Фејсбук / Нино Величковски
Никој не знаел за нив, ниту семејствата, ниту пријателите.
Откако ја обзнаниле љубовта, почнале да живеат заедно.
Од првиот брак познатиот пејач има две ќерки, Анита и Магдалена. Анита е професор по англиски јазик, а Магдалена живее на Малта и работи како графички дизајнер и јога инструктор.
ФОТО: Фејсбук / Нино Величковски
Лидија пак од претходниот брак ги има синот Александар и ќерката Марта.
Парот денес ужива во својот мир и спокој, обожаваат да се дружат со пријателите, да патуваат и шетаат.
ФОТО: Фејсбук / Нино Величковски
Нино гостуваше во кулинарското шоу на Драгица Стевковска – Драче каде ги покажа своите кулинарски способности.
Пред камерите Нино приготви Кумновски мезалк и ја воодушеви публиката.