Вести

Православните верници во недела слават голем празник – денот на големите чуда, а еве што треба да се направи

Advertisement

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) во недела е 7 октомври.

Се празнуваат Св. маченици Сергиј и Вакх.

Advertisement

Овие двајца беа видни луѓе на дворот на Максимијан. Но, штом Максимијан дозна дека се христијани, својата наклонетост ја претвори во гнев, па ги испрати во Азија кај својот намесник Антиох, откако претходно ги облече во женски алишта и им стави железни огламници на вратот па така ги водеше по улиците на Рим.

Овој пак, Антиох, беше пријател на Сергиј и на Вакх, но откако не успеа да ги одврати од христијанството, ги стави на маки и најпосле ги уби, прво Вакха, а потоа и Сергија. Така, овие две свети души го дадоа на царот царевото, а на Бога божјото и се преселија во вечниот живот околу 303 година.

Според преданијата во поедини краеви, Свети Сергиј на овој ден ги посетува сите чевлари и со нив слави, односно празнува. Затоа се верува дека ги штити вредните и работливи луѓе, па овој светител денеска треба да се помоли за среќа и успех во работата.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button