Вирално

Прави водоотпорни вреќи за спиење за мигрантите – големо БРАВО за хуманоста на оваа Босанка, многумина спаси од студот!

Advertisement

Босанката Самра Топиќ Шљивиќ го изненади целито регион со својот хуман пронајдок

Фото: Тузларије

Оваа жена од Босна покрена акција за правење вреќи за спиење од дебел филц за мигрантите кои се наоѓаат во Тузла.

Advertisement

Помислив дека ништо подобро не може да ги стопли и сочува од влага, ветер, дожд. Се покажаа како функционални и практични. Топли се и водоотпорни, напиша на својот Фејсбук оваа хумана жена.

Ова под покривките се луѓе

Нејзините вреќи се крајно практични за мигрантите кои поминуваат низ Босна и Херцеговина и пред кои е долг пат.

Advertisement

Тие се лесни и можат да се закачат на ранецот.

„За првата тура за набавка на материјали ми се јавија доста жени, купивме материјал и денес направивме 20 и ги испорачавме на станицата (Автобуската станица Тузла) во рацете на овие луѓе. На оние на кои им беа најпотребни, а им требаат на сите. Ги има премногу таму. Во моментов имам материјал за 30 вреќи. Не сакам да се занимавам со тоа кои се тие луѓе и каде тргнале. Само сум човек кој гледа во друг човек како спие на бетон на овој студ. А ќе биде и полошо. Па ако сакате да бидете дел од оваа приказна, јавите ми се за детали“, напиша Самра на својот Фејсбук профил.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button