Љубовници од војната се сретнале после 75. години.
Кара Трој Робинс, кој бил дел од американската армија која во 1944 година била во североисточна Франција, се запознал и вљубил во една девојка Џенин Пиерсон, која тогаш имала 18 години.
Но, набргу нивната романса прекинала бидејќи Робинс кој имал 24 години морал да замине на источниот фронт. По извесно време тој во САД се оженил со друга девојка.
“Кога замина плачев, бев многу тажна. Посакував по војната да не се врати во Америка”, рекла Пиерсон.
По војната, таа почнала да учи некои основни англиски фрази со надеж дека Робинс еден ден ќе се врати во Франција. Но, и покрај тоа што се оженил, Робинс ја чувал сликата од својата војничката љубов.Робинс по долги години кога се вратил во Франција за комеморацијата на „Д – денот“, тој ја држел сликата, не бил сигурен дали е уште жива.
Тој се сретнал со некои француски новинари кои му помогнале да ја пронајде својата воена љубов и да организираат емоционално обединување. “Јас секогаш те сакав. Ти никогаш не ми излезе од моето срце”, и рекол Робинс на Пиерсон кога повторно ги погледнал нејзините очи.