Реклама
Вирално

По 250.000 денари за доброволци кои се изложени на коронавирусот

Реклама

Трката за вакцина е започната – фармацевтските компании нудат по 3.500 фунти на доброволци изложени на вирусот корона.

И на прв поглед понудата можеби навистина изгледа примамливо – 3500 фунти за две недели поминати во соба пред телевизор, со добри книги, омилена музика или видео-игра. Но постои и еден „мал“ проблем – ќе бидете заразени со вирусот корона и ќе треба да сте изолирани од светот.

Маркетинг

Како дел од потрагата за новата вакцина против Ковид-19, до 24 лица во еден момент ќе бидат платени околу 250.000 денари за да бидат изложени на овој вирус.

Како што пишува британскиот Тајмс, научниците ширум светот се обидуваат да развијат вакцина против корона вирусот.

Маркетинг

Во прашање е проект вреден 2 милијарди долари кој за резултат би требал да има нова вакцина против новиот вирус.

Британските научници од компанијата „Hvivo“, која од 1989 се одвои од Универзитетот на кралицата Мери во Лондон, на располагање имаат карантинска екипа заедно со лабораторија опремена со најсовремена опрема.

Проектот со платени волонтери е само еден од 20 најавени акции на компаниите и организациите ширум светот.

Децата во Вухан ја срушија апликацијата и се ослободија од домашни задачи

И дoдека целата планета е во страв од новиот корона вирус, најмалите во центарот на епидемијата пронајдоа креативен начин да се ослободат од домашните задачки. Па така меѓу податоците за животот во 11 милионскиот град Вухан во Кина кој се уште е во режим на карантин заради вирусот корона, се издвојува и еден убав детаљ, пишува Мешбл.

Школите се затворени кога вирусот почна да се шири, а веста за тоа децата во карантин ја дочекаа со радост.

Но нивната радост не траеше долго – имено нивното воодушевување беше прекинато откако апликацијата „DingTalk“ беше преработена така што децата иако отсуствуваат од училиште, можат да добиваат лекции и домашни задачи од своите учители преку апликацијата. Но малите генијалци веднаш најдоа решение и за овој проблем.

Тие дознаа дека ако апликацијата добие доволно негативни поени ќе биде тргната од „Ап сторе“.

Па така десетина илјади корисници испраќаа свои мислења и оценки па апликацијата преку ноќ од 4,9 падна на 1,4 и беше тргната.

И тука беше крајот за учењето и домашните задачи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button