Реклама
Парфеми

По цели 20 години модната куќа Диор претстави нов парфем

Реклама

Откако стапи на сцената во 1947 година, познатата модна куќа Диор отсекогаш беше посветена и на создавање парфеми и козметика што ќе ја усреќи секоја жена.

Нивните производи се женствени, единствени и гламурозни што ги сака секоја дама, па токму затоа и сите се радуваат откако по 20 години познатиот бренд го претстави својот нов оригинален парфем кој се вика „Joy“.

Маркетинг

Како што кажува и самото име, парфемот зрачи со радост и добро расположение, а е ремек-дело на мајсторот за парфеми на Диор, Францис Демаши. Тој парфемот го опишува како производ кој донесе задоволство кај сите во Диор, и очекува да им се допадне на сите жени, па дури и на мажите.

Маркетинг

https://www.youtube.com/watch?v=1CRihg1X89A

 

Ново заштитно лице во кампањата е Џенифер Лоренс, жената која зрачи со женственост и радост, но и ја покажува својата дива страна, баш како и парфемот.

Спакуван е во женствено и модрено шише, кое ја следи линијата и на другите дизајни на амбалажи на парфемите со потписот на познатиот бренд, а кога ќе го отворите ќе почувствувате мириси на рози и јасмин, цитрус како и топлата креместа сандаловина со нежен допир на кедровина, додека целата приказна ја заокружува мирисот на мошусот.

Парфемот е достапен во пакувања од 30, 50 и 90 милилитри, но и како мирисен лосион за тело.

Погледнете тука неколку парфеми што можете да ги порачате преку Амазон без да платите царина.

Поврзано

Back to top button