Реклама
Наши ѕвезди

По цели 15 години дојде до помирување – Карлеуша и Гога Секулиќ повторно пријателки?

Реклама

Пејачката Јелена Карлеуша неодамна се помири со многу нејзини колешки од естрадата со кои беше во кавга почнувајќи од Дара Бубамара.

Гога Секулиќ и Јелена Карлеуша ги закопаа секирите. Карлеуша се прости и со Дара кога Бубамара подготвуваше концерт во Комбанк Арената, па Јелена реши да и помогне, ја поддржа и заедно со неа настапи.

Маркетинг

Гестот на Карлеуша ја воодушеви Гога

Она што го нарави Карлеуша ја воодушеви нејзината колешка, Гога Секулиќ. Имено, Јелена преку заедничката стлистка и испратила два пара чизми на Гога Секулиќ која била пријатно изненадена од овој потег на ЈК.

Карлеуша ја неодамна ја посети стилистката Марина Симиќ, и пејачката ја прашала кого стилизира од естрадата. Добила одговор дека во моментов работи со Дара Бубамара и дека го подготовка стилот на Гога Секулиќ за новиот спот за ремикс на песната „Секси бизнисмен“, која што ја снима со Коби. Јелена молчела некое време, а потоа во еден момент и кажала: „Еве, испрати уште еден подарок од мене“ давајќи и два пара скапоцени чевли што ги порачала од Америка. Очигледно исчезнале омразата и бесот кој го чувствувале една кон друга. Сепак, поминаа многу години откако тие двете не се во добри односи – вели извор за српските медиуми, а пренесе Република.рс. Тој меѓу другото и додава дека верува дека пејачките сигурно ќе се сретнат кога Гога ќе дојде во Белград.

Фото: Принтскрин

„Гога отсекогаш била лавица и сигурно ќе и се јави на Јелена и лично ќе и се заблагодари за ваквиот убав гест. Колку е шокирана од однесувањето на Јелена, толку е и воодушевена. На крајот на краиштата, тие нивни расправии беа дел од шоу-бизнисот. Тие приватно се слични и нема сомнеж дека би можеле да бидат пријателки повторно, додаде изворот“, пишува порталот Република.рс.

Поврзано

Back to top button