По Тамapа и Игор Џамбазов се пофали со нова „тетoважа“ и ги cpyши coцијaлнитe мpeжи – фановите веднаш го прогласија за цар!
Некои и простија, некои чекаат и амбулантно возило, а Џамбазов реши да го следи нејзиниот пример ….
Тамара Тодевска на Инстаграм ја покажа својата нова тетоважа на која го има истетовирано делот од нашата химна која што се споменуваат македонските револуционери Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански.
Откако ги објави фотографиите на Инстаграм и покажа дека го направи она што им го вети на фановите, многу фанови решија да и простат за ненамерната грешка што ја направи со интонирањето на македонската химна во американската амбасада кога од возбуда, како што вели таа, ги заборави овој дел од песната. По нејзините фотографии што ги објави на Инстаграм, таа доби поддршка од голем број пријатели и фанови, а дел од нив, кои застанаа на страната на нашата пејачка, можете да ги видите во продолжение.
Имено, целиот проблем настана откако минатата година, на Денот на независноста на САД, пеејќи ја македонската химна, Тамара го пропушти токму овој дел од песната. Таа тогаш се соочи со низа критики од страна на јавноста, па така нејзиниот врвен настап на Евровизија падна во втор план.
Пејачката веднаш се извини за ненамерната грешка, но многумина останаа огорчени и длабоко навредени, па како што самата вели, заради непријатната ситуација денес кога некој ќе го спомене нејзиното име, веднаш првата асоцијација е гафот што го направи со химната.
Од овие причини Тамара пред публиката вети дека ќе го истетовира овие стихови, бидејќи тоа на еден начин го одбележа нејзиниот живот, но истовремено надевајќи се дека конечно ќе и биде простено.
„Ветено, сторено“ напиша таа под фотографиите на кои можеме да видиме како изгледа нејзината нова тетоважа.
Од фотографиите што и ги испраќаат фановите и пријателите, а кои што ги објави во склоп на своите „Инстаграм приказни“, можеме да видиме дека многумина ја поддржаа и решија да и прогледаат „низ прсти“.
Нејзините фотографии предизвикаа реакции и на Твитер, а некои твитерџии беа поприлично креативни.
Ова е вистинската тетоважа на Тамара. pic.twitter.com/MDaNWTdGr6
— ☕ КаФеЏиЈа ☕ (@Malo_eKspreso) October 30, 2020
Ајде некој пописмен од мене. Треба да има запирки меѓу имињава или не?
Ако треба, тогаш Тамара пак статива погодила. pic.twitter.com/JwsiVAZNUR— Чак На Ориз (@ChakNaOriz) October 30, 2020
Предлог тетоважа за Тамара Тодевска за Евровизиската изјава со парите за амбулантни возила. pic.twitter.com/No0igTzOGs
— Чејни (@cheneymkd) October 30, 2020
Но имаше и такви кои се пошегуваа на нејзина сметка. Еден од нив е и нејзиниот пријател и колега Игор Џамбазов, кој реши да тргне по нејзините стапки и да ги „истетовира“ своите гревови. Еве ја неговата нова „тетоважа“:
„Секој со своите гревови“… напиша тој во коментарите, а фановите му порачаа дека е цар!
Погледнете ги и останатите фотографии…
Па, дали и вие и простивте на Тамара? :)