Реклама
Наши ѕвезди

По Тамара Тодевска уште една пејачка ја згреши химната – но на Нина обожавателите и простија, не ќе мора да се тетовира

Реклама

По Тамара Тодевска уште една наша позната пејачка ја згреши македонската химна.

Македонската пејачка Нина Јанева викендов на протестот пред Влада за ослободување на осудените за упадот во македонското Собрание на 27 април, ја изведе македонската химна, но и таа како Тамара, заборави да ја испее втората строфа: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“.

Маркетинг

Како што вели пејачката емоциите си го направиле своето.

Нина во изјава за „Женски магазин“ рече дека ова и е прв, но и последен пат да ја згреши химната.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб
ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

„Од 1.000 пати пеење на химната, ова ми е прв и последен пат да ја погрешам. Ретко којзнае дека Ченто ми е најдобар другар. Ги видов неговите родители во втор ред и борбата беше фокус меѓу текстот и солзите … Патем, прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од сè. Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани. Темата е многу чувствителна и оправдување нема! Човек од месо и крв. Два дена плачам од разочараност од себеси. Не знам што да кажам, оправдан е револтот од народот, но добивам огромна поддршка од целата дијаспора“, рече Нина Јанева Николовски за „Женски магазин“.

Коментари на фановите на Нина

 

Јанева додава дека на самото место луѓето негативно реагирале, но потоа, откако побарала да ја препее химната сфатиле дека се работи за грешка.

Коментари на фановите на Нина

Истото се случи и со познатата пејачка Тамара Тодевска кога настапуваше на настан во Американската амбасада и заборави да ја испее втората строфа од химната, што наиде на жестоки реакции на социјалните мрежи.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб
ФОТО: Нина Јанева Николовски/ Инстаграм

Пејачката на неколку наврати објасни дека грешката била ненамерна и му се извини јавно на македонскиот народ, а како што вети таа и ги истетовира зборовите од химната. „Нели се тетовираат работи коишто ти го одбележале животот или ти значат нешто или ете те потсетуваат на некои убави или неубави работи, ете јас ќе ја истетовирам химната и тоа баш онаа строфа што ја заборавив“, изјави тогаш Тамара.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Ианку Нина Јанева е мажена и со сопругот Аалександар имаат ќеркичка. Таа е една од ретките која и за време на бременоста не ги откажа настапите, но и за кратко време по породувањето таа и се врати на музиката.

Нејзината прекрасна керка има необично име за кое Јанева во интервју за „гламур“ откри како го добила.

Фото: Фејсбук/ Нина Јанева Николовски

„Уште од првиот момент кога го сретнав името Арја Старк во „Игра на тронови“ се заљубив во името.“

„Александар веднаш беше согласен бидејќи сака уникатни и необични работи. Имавме две опции, односно да биде Арја како оригиналот, или пак Арија за полесен изговор. На крај Александар се одлучи за Арија“, рече Јанева во едно интервју за „Гламур магазин“

ФОТО: Нина Јанева Николовски/ Инстаграм

Фото: Фејсбук/ Нина Јанева Николовски

Фото: Фејсбук/ Нина Јанева Николовски

Фото: Фејсбук/ Нина Јанева Николовски

Фото: Фејсбук/ Нина Јанева Николовски

Фото: Фејсбук/ Нина Јанева Николовски

Фото: Фејсбук/ Нина Јанева Николовски

Фото: Фејсбук/ Нина Јанева Николовски

Фото: Фејсбук/ Нина Јанева Николовски

Фото: Фејсбук/ Нина Јанева Николовски

 

ФОТО: Нина Јанева Николовски/ Инстаграм
ФОТО: Нина Јанева Николовски/ Инстаграм
ФОТО: Нина Јанева Николовски/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button