Реклама
Наши ѕвезди

По скандалот што ги шокираше сите нашите иселеници од Австралија се уште му се лути на Благоја Грујовски?!

Македонците од Австралија не им простуваат на нашите пејачи што настапија во Пеленица?!

Реклама

Наместо Благоја Грујовски и Сања Цинцева нашинците од Австралија ќе ги гледаат пејачките Анастасија Митровска и Христина Илиоска.

Еден од нашите најпознати фолк-пејачи Благоја Грујовски околу Нова година требаше да започне турнеја во Австралија.

Тој на оваа турнеја требаше да оди заедно со неговата колешка Сања Цинцева, но како што пренесе Фокус, нивната турнеја е откажана.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски

Тие требале да заминат заедно со оркестарот „Маестрал“, но сега наместо Благоја Грујовски и Сања Цинцева попозната како Сања Барби, тие ќе настапат со пејачките Анастасиа Митровска и Христина Илиоска.

Маркетинг

Фото: Фејсбук

Естрадниот менаџер кој воедно е и еден од организаторите на оваа турнеја, Пикси Санел, во изјават за порталот „Фокус“ вели дека решиле да направат промена на пејачите по бурните реакции на голем број нашинци што живеат во Австралија кои реагираа по нивното гостување на прославата на 8 Септември во Пеленица.

Потсетуваме, голем скандал се случи пред и по настапот на нашите фолк-пејачи на прославата на „Денот на независноста“ во Пеленица организирана од страна на владејачката партија СДСМ. Тие решија да настапат и покрај преголемите притисоци од страна на поединци, но и некои здруженија од нашинци во дијаспората. Меѓу најгласни беа здруженијата од Австралија кои уште тогаш побараа овие музичари да бидат бојкотирани ако дојдат во нивната земја.

Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски

И додека едни решија да го откажат својот настап на оваа прослава, Благоја заедно со уште неколку свои колеги се појавија на настанот.

Тие тогаш потенцираа дека не се политички определени и дека пеат за народот, односно за Македонија и за сите Македонци, а не за политичките партии. Фолкерите тогаш потенцираа дека нивно е да пеат, а не да се мешаат во политика и дека песната, посебно македонската (!), треба да обединува, а не да разединува.

Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски

Но очигледно дека овие нивни пораки и оградување од политиката и политичките партии не стигнаа до сите, па сега дел од нашите иселеници од оваа земја се уште им се „лутат“.

Но се поставува прашањето, дали Македонците што се поддржувачи на СДСМ во иднина треба да го слават 8. Септември со фолк-пејачи, бидејќи ако истите добиваат вакви закани и бидат бојкотирани, многумина од нив најверојатно нема да се осмелат да го направат тоа – повеќе за ова прочитај тука? И што е најважно од сé, дали на ваков начин всушност некои намерно или ненамерно работат на разнебитување и поделба на нашиот народ, кој без разлика за кого гласа, е НАШ?!

Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски

Мислам дека некој за ова треба добро да размисли, а посебно оние што управуваат за разно-разни здруженија кај нас, но и во светот…

Па, што мислите вие за оваа тема? Само ве молиме без недолични коментари, навреди и омаловажувања, туку културно и на еден достоинствен начин искажете го вашето мислење на нашата официјална Фејсбук страница. Коментарите што не се во согласност со нашите правила, ќе бидат избришани…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button