По скандалот со Тошиќ, Карлеуша доби 3.333 црвени ружи за „Денот на ВЉУБЕНИТЕ“ – дали мистериозниот испраќач е овој човек?
Покрај романтичната глетка Карлеуша ги изненади сите и со преубавиот фустан во кој позираше меѓу ружите.
Најголемата балканска поп-ѕвездата Јелена Карлеуша ги изненади сите кога на Инстаграм ги сподели своите фотографии за „Денот на вљубените“.
Таа позираше во фустан во светла сина нијанса со кој го истакна секој детаљ на своето беспрекорно тело, а околу неа насекаде беа црвени ружи.
Интересно е и тоа што Карлеуша не сакаше да открие кој и ги подари ружите, а во коментарите многумина претпоставуваат дека ваков подарок би можел да и испрати само една личност, а тоа е Душко Тошиќ
„Среќен Ден на вљубените“, „Да живее Душко, да живее денот на вљубените“, беа само некои од коментарите.
Карлеуша фотографијата ја опиша само со една ружа, и повеќе ништо не кажа оставајќи сите да погодуваат дали Душко навистина е виновен за овој романтичен потег што секоја жена би ја воодушевил.
Само да потсетиме, неодамна во јавноста како бомба одекна веста дека Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се разведуваат, по скандалот што се случи за Божиќ во нивниот дом кога пејачката го пријави во полиција.
Тогаш веднаш му беше изречена итна збрана да и се приближува на пејачката во времетраење од 48 часа која потоа беше продолжена на 30 дена.
Пред неколку дена оваа мерка заврши, но за сега никој со сигурност не знае што навистина се случува со нивниот брак и во каков однос се сега тие.
Како и да е, многумина се убедени дека ова за Тошиќ е одличен начин да ја поправи ситуацијата со сопругата и да го подготви теренот за разговор и првата средба која што ги очекува, бидејќи тој се уште е во Турција.
Неговиот брак со пејачката трае веќе 13 години, а судејќи според последните објави голема е веројатноста да почнат од почеток.
Сепак, тоа дека ружите се од Душко е само претпоставка на оние што се надеваат на среќен крај на оваа приказна.
По скандалот за бадник парот се уште не се огласил за ништо поврзано со нив и нивниот семеен живот.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша