По скандалот со „Македонско девојче“ во Бугарија, Теа Таировиќ овој пат го „запали“ Скопје (фото)?!
Се појави во тигрест комбинезон и ги запали Македонците, пишуваат српските медиуми
Облечен во тигрест комбинезон пејачката најави спектакл, па дури и подобар од оној што пред неколку месеци го направи во Белград.
Можам да кажам дека сум поврзана со публиката во Македонија. Прво, затоа што тука луѓето секогаш ме дочекуваат… Знаете како ме дочекуваат, како да сум им роднина, отприлика така (се смее).
„Тоа навистина се гледа и чувствува, и некои мои почетоци се всушност и тука, и во Охрид и навистина се сеќавам на секој детаљ. Кога и да помислам на Македонија, тоа навистина се убави спомени“, изјави Теа.
На прашањето што е она што најпрво ќе го проба кога ќе дојде во Македонија, таа како од пушка одговори:
„Па, вино! Македонското е едно од најдобрите. Да смеев тука на конференцијата да пијам вино, воопшто не би се мислела“, се пошегува пејачката.
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Како што пренесуваат медиумите, Теа за рекорден рок го распродаде концертот по што може да се заклучи дека нашата публика е заинтересираа за нејзиниот настап и покрај тоа што пејачката пред една година направи скандал заради кој многу Македонци и се налутија.
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Имено, како што може да се слушне од видеото што тогаш предизвика внимание и се вртеше на социјалните мрежи, Таировиќ на еден свој настап во Бугарија нашата изворна песната „Македонско девојче“ ја испеа така што наместо нема поубаво девојче од Македонче, пееше „нема поубаво девојче од Бугарче“. Ова предизвика револт кај македонската публика и бројни негативни коментари, по што Теа реши да се огласи и на својот Инстаграм профил тогаш напиша дека немала никаква лоша намера и дека не знаела дека Македонците и Бугарите имаат проблем, но и дека песната ја пеела на некоја девојка од публиката.