По скандалозниот развод Дарко Филиповиќ заврши во прегратките на старата љубов- Со оваа пејачка беше во врска пред дваесет години а сега се посреќни од било кога
Тања и Дарко се смирија...
Пејачот Дарко Филиповиќ по разводот надовно среќата ја пронашол во прегратките на старата љубов.
фото инстаграм/Дарко Филиповиќ
Главна тема во медиумите е тоа дека само неколку месеци по разводот, во животот на музичарот влегла девојка од неговото минато.
фото инстаграм/Дарко Филиповиќ
Поранешната ѕвезда на Гранд по 12 години брак се разведе од сопругата Јасмина а како што објавија медиумите наводно таа го изневерувала, а токму кога сите почнаа да веруваат дека чувството на тага и разочарување никогаш нема да го напушти, тој ја нашол среќата со друга.
фото инстаграм/Дарко Филиповиќ
Како што објавија медиумите, наводно Дарко Филиповиќ ја обновил романсата со својата поранешна девојка, Тања Савиќ.
фото инстаграм/Дарко Филиповиќ
Дарко и Тања беа во врска пред 20 години и по раскинувањето не биле во добри односи.
Извор близок на парот за „Стар“ изјавил дека, поранешните љубовници по две децении конечно ги закопале секирите, но не само тоа, почнале често да се среќаваат, а постои сомневање дека ја обновиле и романсата.
фото инстаграм/Дарко Филиповиќ
– Откако раскинаа, Дарко и Тања воопшто не беа во добри односи, цели дваесет години. Пред десет години имаа медиумски препукувања кога Дарко наводно рекол дека има интимно видео со неа, што навистина ја налутило, но се испоставило дека пејачот никогаш не алудирал на тоа. Неодамна беа видени како седат во ресторан во околината на Смедерево, со нив имаше уште неколку луѓе, постојано се смееја и изгледаа така, слатко. Тие се убав пар – открил изворот, па додал:
фото инстаграм/Дарко Филиповиќ
– Не можам да тврдам дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство, но и двајцата сега се слободни, не би било лошо да продолжат таму каде што застанале. Којзнае, можеби си договарале дует, главно, веќе не се во војна, ги закопале секирите, завршил изворот.