По разводот од Моника Белучи, неговото срце го освои оваа триесет години помлада убавица
Наоми Кембел на хуманитарната журка „Fashion For Relief“ ја угости и сопругата на Венсан Касел, Тина Кунаки.
Оваа 22 годишна Италијанка блескаше во тегет фустан со асиметричен крој, а покрај едноставниот дизајн новопечената мама со својата широка насмевка и неодолив шарм успеа да го привлече вниманието на сите.
Таа фустанот со кој ја истакна линијата го носеше со салонки од ПВЦ материјал украсено со шнола, а од детали не носеше речиси ништо.
Тина се породи во април оваа година – манекенката ја роди ќерката Амазонија, но својата беспрекорна линија ја поврати за само неколку недели.
Ќерката ја доби од бракот со францускиот актер Венсан Касел, поранешниот сопруг на Моника Белучи. Интересно е што во последно време можат да се слушнат коментари дека Тина со својот шарм ја надминала дури и Моника, што навистина делуваше како невозможна мисија.
Што мислите вие?