Реклама
Наши ѕвездиСтил

По разводот и напуштањето на „Молика“, пејачката Анета повторно главна тема во нашите медиуми (фото)

Нова етапа во нејзиниот животот -

Реклама

По кој знае кој пати ги воодушеви сите

Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска по разводот од поранешниот сопруг продолжи да ја гради својата музичка кариера.

Тие долго време настапуваа заедно со групата „Молика“, но по нивната разделба секој од нив продолжи по свој пат.

Маркетинг

Впрочем за тоа зборува и една од последните информации што и самата Анета ја откри неодамна, а со која ги израдува своите фанови.

Маркетинг

Имено таа сподели дека започнува соработка со групата „Дакапо“, а го промени и името на својата официјална страница на фејсбук.

Па така сега нејзината официјална страница која е креирана во 2011 година како Анета Мицевска Молика, во декември 2023 беше преименувана со нејзиното моминско презиме што си го врати, Анета Љумаковска, а од неодамна нејзиниот Фејсбук профилот гласи – Анета Љумаковска (Анета и Дакапо бенд).

Пејачката сподели и неколку заеднички фотографии со своите нови колеги, но и нивниот прв заеднички проект ја Јутјуб.

Станува збор за сплет од познати македонски песни, кои тие ги изведуваат покрај Охридското Езеро, а кои наидоа на одличен прием од слушателите што се заклучува и од бројните позитивни коментари (види тука).

Жена со стил и модна инспирација

Анета сподели и неколку заеднички фотографии со момците од бендот кој веќе има неколку свои авторки песни и кој веќе е познат во нашата земја по своите бројни настапи на свадби и веселби, Но овој пат Анета посебно внимание привлече и со својот нов имиџ по кој станува препознатлива во последно време.

Имено, пејачката сега има кратка коса со локни, но и самоуверен и храбар стил кој и овој пат ги воодушеви сите.

На својот профил на Инстаграм Анета сподели фотографија на која носи тесен црн фустан, но и капут со неодолив животински дезен.

Во прашање е модел кој веќе со години ги освојува познатите дами, а кој зрачи со моќ и самоувереност, па речиси да нема светска ѕвезда што нема барем еден капут со ваква шара во своите плакари.

Во светот на модата меѓу првите што бараше капут со ваков дезен беше пејачката и актерката Жосефина Бејкер, но дури во 1950 година Кристијан Диор одговори на задачата и ја лансираше колекцијата која набргу стана еден од водечките трендови кој се уште е присутен.

Очигледно Анета знае што да избере, а како го носат ова парче и познатите светски модни икони, погледнете од фотографиите…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button