Реклама
Наши ѕвезди

По потекло е од Македонија, а нејзините родители се откажаа од неа – ФОЛКЕРКАТА денес важи за една од најпознатите пејачки

Реклама

Надица Адемов коа што се прослави во Ѕвездите на Гранд ја изненади публиката со својата тотална трансформација.

Фото: Принтскрин

Таа денес едноставно воопшто не личи на девојчето што се натпреваруваше во популарното музичко шоу.

Од коренот го промени својот физики изглед, а многумина коментираат дека денес не би ја препознале ни на улица.

Маркетинг

Надица сега е бринета, но тоа не е единствената промена што ја има направено, а со која што ги воодушеви сите. Таа стави и надоградба, па косата сега и е екстра долга, а нејзиниот моден стил кој порано беше пристоен и потсетуваше на деловниот стајлинг, сега е многу пофатален.

Фото: Принтскрин

Таа почна да ги покажува своите атрибути и да игра на картата а провокацијата, а тоа можевме да го видиме и кога позираше во тесниот комплет во светла сина нијанса, со морски дезен, додека долгата коса и беше врзана во високо коњско опавче. Таа оваа промена реши да ја направ заради албумот што го спрема веќе со месеци, во кој, како што самата вели, вложила толку пари што со нив можела да купи еден луксузен стан во елитната населба „Белград на вода“.

Маркетинг
Фото: Дејан Миличевиќ

Имено додека повеќето пејачи гледаат да заштедат и објавуваат синглови или обработки од стари песни, таа реши да издаде албум на кој веќе со месеци вредно работи. Таа неодамна на Јутјуб премиерно го емитуваше спотот за песната „Зид плача“ со кој го најави својот нов проект „Шапат ветрова“.

Фото: Принтскрин

Инаку познатата млада пејачка е родена како Надира Адемов, во Скопје, а набргу со семејството се сели во Суботица.

Фото: Принтскрин

Надица има и постар брат Ранче, кој исто така е пејач. Тој заедно со својата сопруга се уште живее во Скопје.

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Таа најголемиот успех ќе го постигне кога е се пријави во „Ѕвездите на Гранд“, во 2011 година, кога влезе во финалето.

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Потоа, на само 19 години веќе станува една од најбараните пејачки на разни веселби во соседството и дијаспората, а како се шушкаше, беше и најмладата ѕвезда што ја има добиено титулата „кралица на ромските свадби“.

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Таа беше во центарот на вниманието и заради нејзината врска со 14 години постариот клавијатурист Далибор Станојевиќ, кој е разведен, татко на три деца и 20 години живее и работи во Виена.

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Тие наводно во јуни 2017 година тајно се венчале во Виена, но таквиот избор на Надица не го поддржаа нејзините родители, Џулијан и Џемила Адемов, па заради јасниот изговор дека им го осрамотила презимето, тие направија радикален чекор. Имено, тие објавија оглас во еден дневен весник од Суботица дека се откажуваат од својата ќерка и дека се оградуваат од сите нејзини понатамошни постапки.

Но до свадбата не дојде затоа што Далибор беше затворен во Виена и обвинет за неколку кривични дела.

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Надица веќе следната година, во јули 2018, објави вест дека се свршила со новото момче Ненад Паунковиќ кој ја запроси по романтичната вечера додека летале со хеликоптер во Виена, и со својот прстен се пофали на Инстаграм.

Но за жал и оваа врска не траеше долго, така што Надица по некое време објави дека повеќе не е верена.

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Таа не ги откри причините зошто се разделиле, туку само напомена дека на таквата одлука влијаело тоа што биле разделени со илјадници километри, а не крие и дека нејзините родители своевремено се откажале од неа заради врската со 14 години постариот музичар.

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

„Вистина е тоа што го пишуваа, но сега сум во добри односи со родителите. Сега сé е во најдобар ред“, изјави Надица за „Пулсонлајн“.

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Принтскрин

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Фејсбук/ Надица Адемов

Фото: Принтскрин

Фото: Миломир Мириќ

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button