Замислете си го чувството како 8 години сте имале дом и семејство, а потоа одеднаш се наоѓате сами на патот.
Тоа му се случи со овој лабрадор, стар 8 години. Неговите сопственици се одселија, оставајќи го како искористен објект. Еден возач на камион го виде неколку пати како лежи во калта и грмушките во куќата каде што некогаш бил среќен.
Возачот отвори својот профил на Инстаграм за да се обиде да му најде ново семејство. Тој не можеше да го земе поради неговата животна ситуација, но не ја сврте главата, и одлучи да помогне на било кој начин.
Никој не знае колку месеци ова куче живеело на улица, но еден ден, волонтерите на “Лав лео спас” од Лос Анџелес го виделе статусот на Инстаграм и решиле да му помагнат. Кучето го доби името а Лари, а со помош на приказната тоа доби привремено сместување.
https://www.instagram.com/p/BmwCSOvHkj_/?utm_source=ig_embed
Лабрадорот Лари сака да спие на отворено, добро се согласува со сите, и му треба дом. Кај него беше дијагностициран Кушингов синдром при испитувањата кај ветеринар.
Кај кучињата со Кушингов синдром постои хронична интензивирана секреција на кортизол. Иако концентрацијата на кортизол во крвта на кучињата варира, со Кушинг е во просек повисока отколку кај здравите кучиња, а тоа има штетен ефект врз функцијата на многу органи и метаболизмот на кучето.
Лари сѐ уште не најде семејство што ќе го сака вечно, и покрај болеста, дополнителен проблем е создаден со вознемиреност.
https://www.instagram.com/p/BnRw7P4H7Ai/?utm_source=ig_embed
Тој не сака да биде сам, и му треба семејство во кое некој секогаш ќе биде со него.