Реклама
Наши ѕвезди

По ова веќе никој не се сомнева дека Северина и Игор се разведуваат – пејачката била љубоморна, ова било премногу за неа

Реклама

Судејќи според социјалните мрежи, Северина и Игор Којиќ повеќе не сакаат да имаат ништо заедничко.

Имено, за време на претходниот викенд, синот на Драган Којиќ Кеба престана да ја следи својата сопруга од социјалната мрежа Инстаграм, но и таа него.

Маркетинг

Покрај ова, Игор ги избриша и нивните заеднички фотографии, а многумина се изненадија кога ја избриша фотографијата на кои се бакнуваат на плажа додека во позадината се гледа зајдисонце, а која на неговиот профил стоеше откако официјално признаа дека се во врска.

Нивни заеднички фотографии се уште се наоѓаат на нејзиниот и неговиот профил, но тие се од пред неколку месеци. Нема нови. Веќе некое време се шпекулира дека не цветаат рози во бракот на хрватската поп ѕвезда и фудбалскиот менаџер, но ниту еден од нив сè уште не се огласил во врска со тоа и отворено да зборува на оваа тема. Пејачката веќе еден месец живее сама во Загреб, додека наследникот на Кеба остана во Белград заедно со неговите родители. Претходно, до момент пред да се разделат, таа исто така беше во куќата на Којиќ во Белград, но наеднаш реши да се врати во Хрватска. Тогаш беше приведена заради кршење на полициски час, а како што пренесуваа медиумите кога се случи тоа, во полицијата кажала дека се скарала со сопругот, па потоа ја сменила приказната и изјавила дека тргнала во шопинг.

Маркетинг

Игор претходно постојано објавуваше на Инстаграм фотографии од настапите и спотовите на неговата саката. Покрај заедничките фотографии тој објавуваше и такви на кои е со нејзиниот син, но во последните неколку дена објавува исклучиво селфи и фотографии со пријателите. Од друга страна Северина постојано покажува како си поминува низ Хрватска без својот сопруг, а посебно е чудно тоа што познатата пејачка воопшто не е загрижена за гласините што се шират за неа и нејзиниот сопруг. Како воопшто да не ја интересираат приказните дека нејзиниот брак се распаѓа.

Како што неодамна објавија српските таблоиди, причината за тоа што повеќе не се заедно, наводно била тоа што Северина го фатила Игор како тајно се допишува со некоја девојка и заради тоа го направила драма.

Таа е убедена дека тој е во тајна врска, а тој наводно, не можел да ја убеди дека тоа се само глупости.

Откако не сакал да и даде објаснување за пораките, Северина повеќе не сакала воопшто да зборува со него. Наскоро решила да замине за Хрватска и наводно од тогаш трае и кризата во нивниот брак. Но како што пренесе српскиот „Cкандaл“, Игор само сакал преку свои пријатели и преку татко му да најде решение за проблемот на Северина со старателството, но не сакал да и дава лажна надеж, па затоа и не сакал да и каже дека го прави тоа.

Популарната пејачка наводно се посомневала дека Игор ја изневерува и затоа дошло до недоразбирање. Игор наводно од тогаш е тажен и очаен, но покрај него е Кеба, неговиот татко, кој го убедува дека сé ќе биде во ред.

Во секој случај односите им се затегнати, но сега за сега никој не споменува развод, вели истиот извор за овој весник.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button