По обвинувањата дека ја изневерува свршеникот на Џенифер Лопез фотографиран со модрици на лицето (фото)
Поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез неодамна клекна на колена и ја запроси музичката дива Џенифер Лопез, но само неколку дена подоцна некои медиуми објавија информација дека ја изневерува.
И откако беа објавени првите фотографии од аеродромот во Мајами, на кои и двајцата изгледаат депримирано, а Родригез има и голема модринка под окото, многумина веднаш започнаа да претпоставуваат како ја добил. Секако, повредата на неговото лице најчесто се поврзува со медиумските текстови поврзани со неговото неверство .
Родригез ја запроси Џенифер по две години врска, и тоа со џиновски смарагден прстен вреден околу 50.000 евра . Таа му кажа ДА, но нивната среќа ја „поремети“ поранешниот колега на Родригез, Хосе Канеско (54) кој на Твитер го обвини Алекс дека спиел со неговата поранешна сопруга Џесика Канеско. Таа веднаш ги отфрли таквите обвинувања.
https://www.instagram.com/p/q0QdcvRNB0/
Џесика за медиумите изјави дека Алекс го познава веќе со години, но и дека не го видела пет години и дека е во добро односи како со него, така и со Џенифер.
https://www.instagram.com/p/Bu6i-pfAE43/
Инаку, ова ќе биде четврти брак на Џенифер, иако пред само неколку месеци, на прашање на новинарите, изјави дека наскоро не планира ништо на ова поле.
https://www.instagram.com/p/Buzz2LMg92D/
„И двајцата сме на добро место во своите животи. Можеби ако се запознавме кога имавме 20 години. Претходно избрзав со три брака затоа следниот пат сакам да бидам сигурна“, изјави таа тогаш, но очигледно се предомисли.
Но дали овој пат ќе потрае или не, останува да видиме …