По неверојатната трансформација на Боки 13 сега и Анета Кочишки се преполови – изгуби повеќе од 15 килограми, има нов имиџ и изгледа непрепознатливо
Познатата водителка на ТВ Магазинот „Лица“ во едно од најубавите изданија што сме ја виделе досега
Сопственикот на 1 ТВ, Бојан Јовановски објави фотографија на Инстаграм на која позира со Сергеј Варошлија и Анета Кочишки, а најмногу внимание привлече познатата новинарка и програмска директорка во неговата телевизија. Имено, Анета очигледно успеа да го реши вишокот килограми, па сега изгледа потполно непрепознатливо, а тоа можете да го видите од следната фотографија.
Анета, наводно, ослабнала повеќе од 15 килограми во последните година дена, а промената во физичкиот изглед ја испрати и со интересна промена и на нејзиниот имиџ.
Имено, таа сега има коса со руси прамени и носи преубав фустан со шарени риги кој совршено и стои.
Па големо БРАВО и за Боки и за Анета!