По муабетите дека се разведува од Вело Марковски, Евгенија објави ФОТОГРАФИЈА и покажа што прави во слободното време!
Моден класик што треба секој да го има…
И обичните црни панталони можат да изгледаат елегантно и модерно, посебно ако ги носите на еден ваков начин.
Црните панталони се „маст-хев“ парче во секој женски плакар, а Евгенија деновиве покажа како изгледа во еден ваков модел.
Таа овој пат за Инстаграм избра потполно лежерно есенско издание и го понесе на најелегантниот можен начин.
Имено, убавата Македонка овој пат позираше во елегантни црни панталони, без многу шминка и со нејзината препознатлива фризура.
Од фотографиите што ги објавува на Инстаграм невозможно е да не забележите колку оваа млада мајка добро изгледа, па дури и во едно вакво едноставно издание.
Како поранешна манекенка, Евгенија многу добро знае како да избере идеална комбинација за себе, па на фотографиите што ги објавува на нејзиниот профил на социјалните мрежи секогаш изгледа баш онака како што треба.
Таа овој пат покажа едно лежерно есенско издание, во кое црните панталони ја играат главната улога.
Евгенија со панталоните носеше сива маичка и модел на чевли кои веќе неколку сезони се хит меѓу модните блогерки.
Таа добро знае во склад со приликите да избере идеална комбинација, па така беше и со ова издание кое е потполно соодветно за овој период од годината.
Истовремено, поранешната манекенка на своите фанови им покажа и дека со една едноставна комбинација може да се изгледа одлично.
А тајната секако дека се крие во харизмата, убавото тело и ведрото расположение со кои таа секогаш зрачи, па благодарение на овие нејзини „црти“, Евгенија од секоја комбинација знае да го извади максимумот.
И токму затоа сите е воодушевени од неа, што и да облече…
Вo продолжение погледнете некои од нејзините претходни изданија, кои исто така можат да ви послужат како инспирација.
Инаку, Евгенија неодамна се најде во центарот на вниманието и заради озборувањата дека наводно се разведува.
Таа ги демантираше ваквите „сигурни“ муабети, но вели дека не и пречат озборувањата бидејќи веќе се навикнала на нив.
Имено, таа веќе десетина години е заедно со Вело Марковски, од кои пет години се во брак и имаат две прекрасни дечиња.
Погледнете ги и останатите фотографии…
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска